Connect with us

Фудбал

Италија воведува револуционен потег во ВАР, се чека дозвола од ФИФА

Фудбалскиот сојуз на Италија сериозно размислува за воведување на „ challenge“ во ВАР технологијата, со што ќе им се овозможи на тренерите и играчите во текот на еден меч да побараат употреба на видеотехнологијата во одредени моменти.

Подолго време се зборува дека за подобро функционирање на ВАР технологијата, потребно е да им се овозможи на тимовите, односно тренерите и играчите, да бараат од судиите дополнителен преглед на одредени сутуации, нешто слично како во тенискиот „challenge“.

Како што информираат од Италија, за вакво нешто се чека дозвола од ФИФА.