Connect with us

Фудбал

Италијанската легенда ја „освои“ Кина

Во првенството на Кина одиграно е последното 30.коло. Гванжу е шампион, кој ја освои дури осмата титула во последните девет години.

Славеа во оследното коло против Шангај Шенхуа со 3:0, и ја задржаа предноста од два бода во однос на Пекинг Гуан.

Тренерот на Гванжу, италијанската легенда Фабио Канаваро, со ова ја освои првата титула како тренер.

Инаку, интересно е тоа што Канаваро имаше недоразбирања со овој клуб пред неколку месеци, кој го прати на курс за дисциплина, а имаше и информации дека соработката ќе биде прекината. Сепак, страстите се смирија, Канаваро се врати, па ја освои титулата.