Connect with us

Фудбал

Италијанските навивачи повторно со ножеви, избодени двајца навивачи на Селтик

Вечерва со почеток во 18:55 часот Лацио на домашен терен го пречекува Селтик. Атмосферата е вжештена уште сега. Имено, италијанските медиуми објавија дека навивачите на Лацио со нож изболе двајца навивачи на Селтик.

Еден 52-годишен навивач на шкотскиот тим е нападнат пред паб во Рим, додека малку подоцна во друг инцидент недалеку од пабот бил нападнат и 35-годишник.

Двајцата биле хоспитализирани, а нивните повреди не се опасни по живот.