Connect with us

Фудбал

„Италијанско дерби“ за Македонецот од Парма

Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски има само 19 години. Во моментов настапува за Парма на позајмица, а инаку е фудбалер на Аталанта. Во досегашниот тек од сезоната едноставно „експлодираше“ со неговите настапи. Два гола и пет асистенции стојат зад неговото име по 11 кола во Серие А, а игра на позицијата крилен фудбалер.

„Калчиомеркато“ пренесува дека неговите настапи интензивно ги следат Интер и Јувентус, а актуелниот шампион наводно веќе испратил писмен допис до Аталанта прашувајќи за цената.

Според првичните информации, цената е 25 милиони евра.