Фудбал
Итна средба поради ВАР! Причината: Катастрофална грешка која може да го чини Арсенал титула
Судискиот шеф на Премиер лигата и еден од најдобрите судии на сите времиња Хауард Веб свика итен состанок поради катастрофалните грешки кои се направени при прегледувањето на снимките од ВАР.
И порано беше очигледно дека судиите на Островот не се баш добри кога е во прашање судењето, а камоли кога станува збор за прегледување на ВАР снимките. Тие не ја користат можноста да донесат правилна одлука, дури и кога го имаат целото време на светот да го сторат тоа откако ќе ја гледаат снимката.
Од недела во недела ВАР технологијата ни носи нови контроверзии во Премиер лигата, а настаните од претходниот викенд беа поттик за свикување итен состанок.
ВАР беше во центарот на вниманието на натпреварите Челзи – Вест Хем, Арсенал – Брентфорд и Кристал Палас – Брајтон, а на Емирати се случи ситуација која може да го остави Арсенал без долгоочекуваната титула во иднина.
Фудбалерите на Арсенал во саботата не успеаја да го совладаат Брентфорд во 23. коло од Премиер лигата, а конечниот резултат во Лондон гласеше 1:1.
Арсенал поведе преку Леандро Тросар, и беше на дофат на три бода, но Иван Тони ги промени тие планови.
Сепак, по натпреварот можеше да се види дека Арсенал е оштетен од примениот гол, бидејќи асистентот беше во офсајд.
Судијата во ВАР просторијата Ли Мејсон „заборави“ да ги повлече линиите при проверката за офсајд во израмнувачкиот гол на Иван Тони.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета веднаш по натпреварот се побуни кај главниот судија, а потоа имаше интересна изјава.
„Не добивме објаснување зошто голот не е поништен. За што е ВАР? Фрустрирачки е, веројатно ќе добиеме објаснување следната недела“ – изјави Артета.
🚨 VAR Lee Mason forgot to draw the offside lines on Ivan Toney's equaliser.
Christian Norgaard was offside in the build-up. Had the lines been drawn, the goal would have been disallowed and Arsenal would be 8 points clear at the top of the table.
✍️ @TheSharpeEnd pic.twitter.com/tVw4TZ184b
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 12, 2023
Хауард Веб неодамна ја презеде функцијата главен судија за ПГМОЛ и, наводно, свикал итен состанок што ќе се одржи во вторник за да се разговара за настаните од викендот. ПГМОЛ соопшти дека Веб контактирал и со Арсенал и со Брајтон за да ги „признаат очигледните грешки во употребата на ВАР“ и дека инцидентите што се случиле на нивните натпревари може да бидат темелно истражени.