Фудбал
Избран најубавиот гол во Серија за месец август, мало ремек дело (ВИДЕО)
Август е зад нас, а Италијанците го прогласија за најубавиот гол на месецот во Серија А. Стрелец на тој гол беше напаѓачот на Лече, Лоренцо Коломбо, кој е позајмен од Милан, на натпреварот против Наполи.
Натпреварот се одигра на последниот ден од август и заврши со резултат 1:1.
20-годишниот фудбалер претходно не го искористи пеналот, но многу брзо се искупи!
Се играше во 31. минута кога Коломбо ја прими топката и од околу 25 метри од самото место упати силен и прецизен удар кој заврши во мрежата.
Тоа беше прв гол во Серија А за италијанскиот репрезентативец до 21 година во неговиот деветти настап во најсилната италијанска лига.