Connect with us

Фудбал

Излезе од затвор најпознатиот фудбалски педофил на светот, што го чека во иднина?

Тој во затвор зборувал за своите планови, но некои работи се чини дека не ги зел во предвид…

Сигурно се сеќавате на вестите кои беа поврзани со Адам Џонсон, некогашниот фудбалер на Сандерленд и репрезентативец на почетокот од оваа деценија. Поради педофилија, односно врска со 15-годишно девојче беше осуден на шест години затвор, а пуштен е рано утрово откако ја отслужи казната.

Џонсон играше за Боро, Сити, Сандерленд до 2016. година и никогаш не ги оправда очекувањата од почетокот на кариерата. Има одиграно повеќе од 200 натпревари.

Ужасот кој му се случуваше додека неговата жена беше трудна, не може да се негира. Иако два пати поднесуваше жалби на одлуката, сепак судот не ги прифаќаше.

Од затворот испрати и порака во која рече дека казната е многу висока.

Неговата сопруга поднесе барање за развод, а детето кое го имаат ќе може да го гледа само под надзор.

Неговите планови сега се да оди во Кина и таму да игра, но тоа не е возможно поради мерките на предпазливност во следните три години кои ги има добиено од судот.

Сега ниту еден фудбалски клуб, па дури и оние од ниските лиги не сака да го земе Џонсон бидејќи тој има оставено лош впечаток кон јавноста.