Connect with us

Фудбал

Изненадување, Барса донесе десен бек надвор од преодниот рок!

Хулијан Араухо ќе стане нов член на Барселона!

Ако се сеќавате, тоа е десниот бек на ЛА Галаси чиј трансфер наводно бил блокиран од Ла Лига на полноќ на 31 јануари, бидејќи документацијата не стигнала навреме.

Барса апелираше до ФИФА, а две недели подоцна Фабрицио Романо и бројни сигурни извори тврдат дека Араухо ќе потпише договор до 2026 година и веќе е на пат за Каталонија.

Барселона за неговото обештетување ќе плати до четири милиони евра, а во таа сума се вклучени и бонуси.

Мексиканецот игра на позицијата десен бек, а Барса одамна го има на радарот. Тој беше член на нејзината академија во САД од која си замина од ЛА Галакси.

Се очекува првично да биде пријавен како член на Барселона Атлетик (Б тим), но да тренира со првиот тим и постепено да добива шанса кај Чави Ернандез.

Араухо има само 21 година, а интересно е што во Барселона Атлетик ќе соработува со својот сонародник Рафаел Маркез, кој е тренер на Б тимот.

Погледнете за каков играч станува збор…