Connect with us

Други спортови

Изненадување во Белгија! Болидот е полесен, на Расел му е одземен триумфот, Хамилтон нов победник, Леклер на подиумот

Неверојатното се случи два часа по Големата награда на Белгија во Формула 1. Британскиот пилот Џорџ Расел, победник на оваа трка на патеката, беше дисквалификуван од комесариите на трката.

Болидот на Мерцедес на Расел имаше 1,5 килограми помала тежина (798 минимална граница) и, како резултат на тоа, беше дисквалификуван. Сепак, германскиот болид ја задржа победата, бидејќи му припадна на другиот Британец Луис Хамилтон, кој заврши втор.

Австралиецот Оскар Пјастри, кој заврши трет, се искачи на второто место, додека Шарл Леклер од Ферари, кој беше четврти на трката, се здоби со позиција по дисквалификацијата на Расел.