Connect with us

Фудбал

Израелците побараа од Украинците да го одложат натпреварот! Кога го добија одговорот останаа без зборови – Кој е во војна, не се однесува така!

Макаби од Тел Авив не може да поверува дека Зорја од Украина не сакал да го одложи натпреварот.

Украинскиот клуб Зорја, одби да го одложи натпреварот од третото коло на Конференциската лига против израелскиот Макаби од Тел Авив. Причината поради која Макаби побара да се одложи натпреварот е секако војната во Израел, но од друга земја во која е воена состојба речиси две години – нема позитивен одговор. Уште повеќе, тие дадоа изјава и им порачаа на луѓето од УЕФА дека не им паѓа на памет да излезат во пресрет на Макаби.

Натпреварот требаше да се одигра на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив, каде речиси две недели нема никакви спортски настани, но Украинците не сакаат ни да слушнат за проблемите на Израелците. Заедно со пораката дека „ја разбираат моменталната ситуација“ и пораката за осуда на се што се случи, додаваат и дека не можат да ја прифатат бидејќи имаат напорен распоред во ноември.

„Во исто време и покрај сето ова, потсетуваме дека нашата земја е во војна повеќе од една година и десет месеци. За сето тоа време нашите луѓе, нашите навивачи и тимот преживеаја многу. Моравме да ги напуштиме нашите домови и да го започнеме животот одново на друго место. И ние сè уште се бориме. И за сето тоа време, ниту еднаш не побаравме да се одложат нашите игри“, велат од Зорја Луганск, со што ги изнервирале сите во Израел.

„Оние кои знаат што е војна, не се однесуваат вака“, наводно рекол еден од челниците на Макаби, пренесува израелскиот портал „Спорт 5“, додавајќи дека клубот моментално функционира без странци кои ја напуштиле земјата, вклучувајќи го и тренерот Роби Кин.