Connect with us

Фудбал

Ја поддржа Палестина и доби тешка казна од францускиот сојуз

Француската фудбалска федерација го суспендираше фудбалерот на Ница, Јусеф Атал (27) на седум натпревари бидејќи објавил антисемитски статус на социјалните мрежи. Атал брзо ја избриша објавата и клубот објави дека го суспендира до понатамошно известување. Станува збор за алжирскиот репрезентативец кој настапува на позицијата десен бек. Играше за Кортријк и веќе пет години е во Ница.

Ниту бришењето на објавата не му помогна на алжирскиот Атал. Казната ќе ја отслужи почнувајќи од 31 октомври, а се соочува и со клупска парична казна. Атал отворено застана на страната на Палестина и го сподели видеото на Инстаграм. Навивачите веднаш го нападнаа, а по тоа реагираше и француската федерација.