Connect with us

Фудбал

Јамал бара ревизија на договорот со Барселона, тој и менаџерот сакаат повеќе пари!

Најдобриот млад фудбалер на неодамна завршеното ЕП, Ламине Јамал, би можел значително да ја чини Барселона во иднина, бидејќи бара поголема плата во каталонскиот клуб, пренесува Sport. Имено, неговиот менаџер Жорге Мендеш побарал одредени корекции во договорот бидејќи и двајцата сметаат дека сегашната плата на Јамал не соодветствува со неговиот квалитет. Одличниот фудбалер моментално заработува 32.000 евра неделно, што значи дека има годишна плата од 1,7 милиони евра со договор до 2026 година.

Френки де Јонг, за споредба, заработува 700.000 евра неделно или 36,4 милиони по сезона. Затоа Мендеш бара од Барселона да му ја зголеми платата на Јамал, па тој секоја година ќе заработува се повеќе и повеќе.

Се верува дека Барселона ќе ги исполни желбите, иако треба да се има предвид дека во Ла Лига има лимит на платите. Да потсетиме, неколку ѕвезди изминатите сезони се жалеа дека останале без ветените пари, а имаше и проблеми со нивната регистрација.