Connect with us

Тајмаут

Јамал на теренот блеска, ама во љубовта?! Провокација или нешто друго, поранешната девојка позира во дрес на неговиот соиграч (ФОТО)

За разлика од теренот, каде што се истакнува од натпревар во натпревар и покажува зошто е најголемата фудбалска сензација во светот, суперталентираниот Ламине Јамал поминува низ многу „неволји“ на љубовен план.

Во текот на летото Јамал уживаше во прегратката на својата избраничка Алекс Падила, а парот заедно отпатува во Грција. Шпанката заедно со Јамал ја прослави титулата европски првак во центарот на теренот во Берлин и позираше со трофејот, а потоа младиот пар отпатува за Грција на летен одмор. Но, работите тргнаа во надолна линија по враќањето во Шпанија и за време на подготовките за новата сезона, бидејќи на социјалните мрежи се појави видео во кое Алекс Падила седи во скутот на друг млад човек и вели дека „не треба да се снима бидејќи тоа ќе ја уништи.”

Тоа се случи, а Јамал веднаш и раскина. Сепак, Алекс Падила не престанува да го провоцира својата поранешен партнер.

Алекс вчера на својата инстаграм стори објави фотографија на која позира во дресот на соиграчот и пријател на Јамал, Ансу Фати, исто така млад фудбалер на Барселона. Шпанците, се разбира, веднаш ја означија оваа фотографија како сериозна провокација.