Connect with us

Фудбал

Јаневски: Со Сосиедад ќе бидеме на ниво и ќе успееме да ги освоиме првите бодови во Европа

Фото: Архива

На ден пред натпреварот помеѓу Вардар со Реал Сосиедад  во Лига Европа денеска беше одржава прес конференција на која Чедомир Јаневски изјави:

„Во Скопје ни доаѓа силен тим кон кого мора да имаме тотален респект. Секоја година Реал Сосиедад е меѓу шесте најдобри екипи во Примера, што говори доволно за нивниот квалитет и нивните амбиции од година в година. Знаевме уште при ждрепката дека Зенит и Реал Сосиедад се главните фаворити за првите две места. Иако Сосиедад во првите два натпревари освои три бодови од шест, ќе ја гледа шансата да ги освои трите бода против нас. Но, ние од меч во меч одиме во нагорна линија, тоа се виде по натпреварот со Зенит. Со Розенборг игравме добро, иако загубивме. Се надевам дека со Сосиедад ќе бидеме на ниво и дека ќе успееме да ги освоиме првите бодови во Европа“, изјави Јаневски.

„Сосиедад игра на гол повеќе, тоа е визијата на целиот клуб и нивниот тренер. Затоа добро се подготвуваме на овој натпревар и добра организација. Како и секој тим, имаат свои слабости кои ќе гледаме да ги искористиме. Ние ги респектираме, но веруваме во себе и своите квалитети. Без разлика што Сосиедад е најавено дека ќе игра без неколку првотимци, не размислуваме за нив. Имам претчувство дека ќе успееме пред нашата публика, пред нашите „Комити“, да ги освоиме првите бодови во Лига Европа“, заврши Јаневски.

Натпреварот се игра утре со почеток од 19 часот на Телеком арената.