Connect with us

Фудбал

Јаневски: “Важни три бода со Ренова кои ни даваат самодоверба пред дербито во недела со Пелистер во Битола“

Шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски, задоволен после победата над Ренова, која според него ја донела карактерот и менталитет на екипата. Тренерот на Вардар исто така истакна дека овој триумф е добродојден за подигнување на самодовербата пред дербито со Пелистер.

„Оваа победа ни е добродојдена за враќање на самодовербата после оној шок што го доживеавме со Зенит во Лигата на Европа, и потоа со Скопје во првенствениот натпревар. Денеска на еден ваков терен не можеше подобро да се одигра, но нема да бараме алиби. Имавме контрола во текот на сите 90. минути, создадовме неколку шанси, но за жал нешто и од наша лоша завршница, придонесе до крајот на натпреварот да работиме и да се бориме за трите бода. Овој триумф го донесе менталитетот и карактерот на екипата. Затоа им честитам на играите, затоа што навистина не беше лесно. Во вториот дел штотуку ќе направиме добро темпо, шанси, акции за гол, имаше неколку прекини поради повреди на противнички играчи, и тоа донесе да немаме континиутет. Затоа реков дека ова се важни три бода кои ни даваат самодоверба и пред дербито во недела со Пелистер во Битола“, рече по натпреварот со Ренова, нашиот тренер Јаневски.

Чедомир Јаневски на крајот го истакна одличниот Тодор Тодороски кој што и покрај неговите 18-години, беше вистинско „освежување“ во екипата на Вардар во второто полувреме.

„Ние победуваме и губиме како тим, но денеска би сакал посебно да го истакнам младиот Тодороски кој што одлично влезе во натпреварот беше многу опасен во нападот, а беше одличен во дефанзивата. Не дека Хамбарџумјан одигра послабо, знаевме дека пред натпреварот се жалеше на мала повреда, размислувавме дали да го пуштиме, и во последен момент донесовме одлука да игра. По добивањето на жолтиот картон, имав страв да го заштитам и него и тимот, и тоа беше причината поради што влезе Тодороски кој што уште еднаш ќе кажам прикажа одлична игра денеска“, изјави Јаневски.