Connect with us

Тајмаут

Јасно е кога Кристијано Роналдо ќе почне со летните тренинзи

Кристијано Роналдо ќе се приклучи на летниот тренинг на Ал Насер следниот четврток кога ќе започне втората фаза од истиот, пренесува печатот во Саудиска Арабија.

Португалецот го пропушта првиот дел кој се игра во неговата родна Португалија. Таму на Ал Насер му претстојат пријателски натпревари со Порто и Луситано.

Кристијано Роналдо ќе го пропушти дуелот со Гранада на 4 август, но се очекува да биде достапен за оној против Алмерија четири дена подоцна.

Вицешампионот на Саудиска Арабија официјално ја започнува сезоната на 14 август со полуфиналето на Суперкупот против Ал Таавун и игра со Ал Раед во првото коло од шампионатот со 2-2.