Connect with us

Фудбал

Јовиќ во Милан го доживеа најголемото понижување!

Српскиот фудбалер и некогаш еден од најталентираните напаѓачи во Европа, Лука Јовиќ, доживеа целосен колапс во кариерата бидејќи неговиот Милан не го ни пријави за новата сезона од натпреварувањата на УЕФА.

Јовиќ (26) дефинитивно добил порака од клубот дека на него не се смета. Пред неколку години во Франкфурт и Реал Мадрид важеше за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, но никаде не се наметна, па наскоро ќе се раздели со Милан. Тренерот на Милан, Пауло Фонсека синоќа го објави конечниот список на пријавени играчи за новата сезона од Лигата на шампионите, а Лука Јовиќ го нема ниту на листата А ниту на листата Б. Тој е единствениот поискусен сениор во тимот кој не е на листа.