Connect with us

Фудбал

Јунајтед го купи новиот Гигс

Првото летно засилување и официјално слета на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед потврди ова попладне дека ги договори сите детали со Свонси и Даниел Џејмс кој ќе стане нов играч на „Црвените ѓаволи“, пишува sportclub.mk

Репрезентативецот на Велс, 21-годишниот крилен напаѓач, успешно ги помина денеска лекарските прегледи во Керингтон, а останатите детали ќе бидат објавени следната недела кога и официјално ќе се отвори интернационалниот преоден рок.

Според сегашните информации, „Црвените ѓаволи“ за доаѓањето на Џејмс ќе издвојат околу 17.000.000 евра, а на својот некогашен клупски другар Солскјер му го препорача лично селекторот и славниот сонародник Рајан Гигс кај кого младиот напаѓач и дебитираше во сениорскиот тим во ноември минатата година.