Connect with us

Фудбал

Јунајтед и Ливерпул во „битка“, но надвор од теренот, причина напаѓач

Според пишувањата на „Калчиомеркато“ Манчестер Јунајтед и Ливерпул би можеле да водат важна битка надвор од теренот. Мета на двата англиски тимови е напаѓаќот на Валенсија Макси Гомез. Уругваецот на „Местаља“ пристигна минатото лето од Селта, а од стартот на оваа сезона запиша пет голови на 14 мечеви во сите натпреварувања.

Она што ќе биде проблем за Јунајтед и Ливерпул, е откупната клаузула, која изнесува 140 милиони евра и договорот кој му истекува во летото 2024 година.