Connect with us

Фудбал

Јунајтед подготви повеќе од 100 милиони фунти за фудбалер на Борусија

Манчестер јунајтед има намера да го донесе во своите редови напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Германскиот клуб ја проценува трансферната вредност на 19-годишниот Англичанец на повеќе од 100 милиони фунти, но Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати таа сума, пренесува „Дејли Мирор“.

Од преселбата од Манчестер сити во 2017 година, Санчо има постигнато 18 голови и 30 асистенции на 68 натпревари за Борусија.