Connect with us

Фудбал

Јунајтед тргнува по Пелегрини

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, објавија медиумите на Островот.

21-годишниот талент го следеа скаутите на Манчестер за време на дербито против Милан на „Сан Сиро“ во кое Рома победи со 2:0.

Според информациите, интересот на премиерлигашот за овој фудбалер не е од вчера, а на „Олд Трафорд“ внимателно се следи неговиот развој досега.

Фудбалерот настапи на шест натпревари од почетокот на сезоната со екипата на Ромите и оствари две асистенции.

Пелегрини има клаузула за откуп од 25 милиони евра, што најверојатно е прифатливо за Манчестер Јунајтед кој ќе се обиде што побрзо да го обезбеди трансферот и да избегне евентуално потпишување на нов договор со Рома и зголемување на откупната клаузула.