Фудбал
Јунајтед влегува во трката за „златоното момче“ на Клоп
Црените Ѓаволи се вклучија во трката за потписот на фудбалерот на својот најголем ривал Ливерпул, Емре Чан. Договорот на овој фудбалер со тимот од „Енфилд“ истекува ова лето и покрај тоа што клубот наметнува интензивни преговори, тешко дека тој ќе се реши да остане долго во составот на Јирген Клоп, сигурно не додека не ги разгледа сите понудени опции.
Јувентус внимателно го следи секој чекор на германскиот интернационалец, но сега добива силна конкуренција од Манчестер Јунајтед во трката за потписот на овој играч.