Connect with us

Фудбал

Јунајтед за 75 милиони евра го договорил најдобриот дефанзивец во Италија

Манчестер Јунајтед постигна договор со Наполи за привлекување на дефанзивецот Калиду Кулибали. Италијанскиот новинар Фабио Сантини објави дека буквално сè е веќе договорено и „црвените ѓаволи“ ќе платат 60 милиони фунти за неговите услуги.

Дваесет и осум-годишниот Сенегалец е посакуван од Јунајтед во секој од последните трансфер прозорци, но се чини дека Манчестер е конечно близу да го привлече.

– Наполи ќе го продаде Калиду Кулибали на Манчестер Јунајтед за околу 70-75 милиони евра. Се чини дека сè е договорено, рече Сантини на својата радио програма „Ил Процесо“ на радио „7 голд“.

Кулибали според статистиката и италијанските медиуми во последните две сезони е меѓу најдобрите, односно можеби најдобриот дефанзивец во Италија.