Connect with us

Фудбал

Јуве и ПСЖ договараат размена?!

Како што објавуваат италијанските медиуми Јувентус и ПСЖ би можеле да направат зделка, или поточно размена во јануари. „Светците“ наводно се заинтересирани за Емре Џан. Германскиот репрезентативец е во втор план кај Маурисио Сари, не беше регистриран за групната фаза од ЛШ, па самиот изрази желба да ја смени средината.

За неговите услуги се заинтересирани и други клубови, но ПСЖ има „кец во ракавот“. Имено, го нудат Леандро Парадес, кој пред една година го донесоа од Зенит. Јувентус е заинтересиран за него уште од преодниот рок додека играше во Рома, па можна е размена.