Connect with us

Фудбал

Јуве подготвува нов договор, наскоро на маса со Кристијано Роналдо

Доаѓањето на Кристијано Роналдо влијаеше, не само на Јувентус, туку и на целата Серие А. Очигледно е дека шампионот на Италија е задоволен од Португалецот, па според италијанските медиуми, подготвил нов договор.

Договорот на Роналдо му истекува во 2022 година, но Јувентус има план да го задржи што подолго во Торино. Наскоро се очекува да седнат на маса и да почнат преговорите.