Connect with us

Фудбал

Јувентус доби новогодишен подарок, го бара пола Европа, тој ја одбра „Старата дама“

Не е Манчестер Јунајтед, ниту Баерн Минхен, а не е ниту Арсенал. Тинејџерот кој ја воодушеви фудбалска Европа кариерата ќе ја продолжи во дресот на Јувентус.

Според пишувањата на италијанските медиуми менаџеот на Ерлинг Халанд, Мино Рајола договорил се со „Старата дама“.

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ќе плати 30 милиони евра на австриски Салцбург, а 19-годишниот напаѓач ќе добие 3,5 милиони годишна плата.

Според истиот медиум, Халанд ќе остане во Австрија до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Торино.

Освен Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Арсенал, за неговите услуги беа заинтересирани Борусија Дортмунд и Милан.