Connect with us

Фудбал

Јувентус го продаде Македонецот во Сампдорија!

Иако во подготвителниот период се најде на списокот на фудбалери на новиот тренер на Јувентус Тиаго Мота, сепак фудбалерот со македонско потекло, Никола Секулов нема да заигра за Јувентус оваа сезона во најислната италијанска лига. Имено, според италијанските медиуми Јувентус за 2 милиони евра го продал Секулов на Сампдорија. Секулов во текот на денот треба да го комплетира трансферот во Сампдорија, со кој ќе потпише договор до 2028-ма година.

Секулов е роден во Пјаченца, неговите родители потекнуваат од Македонија. Го носел дресот на македонскиот национален тим во репрезентатијата за играчи до 17 години, но потоа одлучува да настапува за италијанската селекција.  Тој е напаѓач, а освен за Јувентус, играл за Кремонезе како позајмен играч.