Connect with us

Фудбал

Јувентус го растури Лацио, Наполи далеку на врвот, Серија А се враќа следната година (ВИДЕО)

Јувентус го растури Лацио со 3:0 во Торино во последниот меч во Серија А пред паузата за Светското првенство. Натпреварите продолжуваат во првата недела од јануари, а до тогаш секако ќе уживаме во Мундијалот.

А, вечерва во Торино, Лацио имаше поголем посед на топка, но Јувентус даваше голови и имаше поопасни напади. Прво Кин со прекрасен лоб удар постигнува гол за водство од 1:0,  а истиот играч во 54-та зголеми на 2:0. По една одлична акција на Ди Марија, Киеза и на крајот Милик погодува за конечни 3:0 во 89-та минута.

Лацио имаше свои шанси, но сепак не успеа да го совлада голманот на Јувентус.


Standings provided by Sofascore