Connect with us

Фудбал

Јувентус нема да се жали на одлуката за исфрлање од Европа. Клубот е задоволен од таквиот исход

Ииталијанските медиуми го објавија очекуваното, Јувентус нема да се жали на одлуката на УЕФА да ги исфрли од овосезонската Конференциска лига. Италијанскиот гигант го доби токму она што го сакаше и ќе може на мир да се фокусира на натпреварувањето во Серија А следната сезона.

За потсетување, италијанскиот гигант нема да игра во оваа сезона од Конференциската лига, а мора да плати и финансиска казна од 10 милиони евра. Можно е казната да достигне и до 20 милиони евра доколку клубот не го исполни финансискиот фер-плеј во следните три години. Местото во Конференциската лига и го препушта на Фиорентина.