Connect with us

Фудбал

Јувентус посегнува по германскиот репрезентативец

Јувентус е уште еден клуб заинтересиран за напаѓачот на Хофенхајм, Максимилијан Баер . Торино бара различни опции за засилување на тимот за новата сезона, а меѓу таргетираните играчи е и новопечениот германски репрезентативец, открива „Билд“.

21-годишниот играч имаше силна сезона во која постигна 16 гола и додаде 3 асистенции во 33 натпревари во Бундеслигата, што му донесе и место во националниот тим на Германија за Евро 2024. Поради оваа причина, интересот за него се зголемува со секој изминат ден, а сега „бјанконерите“ се насочија кон него.

Баер може да игра и на врвот на нападот и на двете крила. Тој сепак имаше откупна клаузула од 32,5 милиони евра, која веќе не е активна и се очекува Хофенхајм да бара уште поголема сума од потенцијалните купувачи.

Освен сериозната цена, друг можен проблем за Јувентус во преговорите за Баер би можела да биде и големата конкуренција за неговиот потпис. Според различни извештаи, тој е на мета и на Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Брајтон.