Connect with us

Фудбал

Јувентус постави нов клубски рекорд по вчерашната победа над Наполи

Јувентус постави нов клубски рекорд откако синоќа го победи во Наполи во Неапол со 2-1 во дербито на италијанскиот фудбалски шампионат. Гигантот од Торино нема пораз во 26-тото последователно гостување Серија А.

Последен пат, „црно-белите“ загубија од Сампдорија со 3-2 во Џенова во ноември 2017 година.

Јувентус е многу блиску до осмата последователна титула во Италија и има 16 поени предност на табелата пред вториот Наполи.

Неаполитанците пак синоќа за прв пат загубија на домашен терен оваа сезона во сите натпреварувања.