Поврзи се со нас

Фудбал

Јувентус во проблеми поради Роналдо, ги прекршил протоколите за самоизолација

Јувентус се најде на удар на јавноста во Италија, но и властите поради Кристијано Роналдо. Како што е познато, Португалецот е позитивен на Ковид 19, беше два дена во самоизолација во Португалија, а потоа со приватен авион допатува во Торино.

Сепак, министерот за спорт Виченцо Спадафора упати жестоки критики и тврди дека Роналдо ги прекршил протоколите бидејќи заразен влегол во државата, додавајќи дека здравствениот протокол е прекршен со самото напуштањена Португалија.

Од друга страна, пак, првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели запрашан за ова изјави дека тој е спортски работник и не знае дали Роналдо ги прекршил протоколите.

За треба да го контактирате Министерството за здравство, кризниот штаб и оние кои ги спроведуваат државните закони, од нив побарајте објаснување. Јувентус следи и го спроведува државниот протокол, изјавил Ањели.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама