Connect with us

Фудбал

Како би изгледал составот на Барселона без Меси и Суарез?

Барселона одамна не била во тешка ситуација и се чини дека челниците го губат тлото под нозете, но тие не сакаат да го признаат тоа.

Каталонците ја завршија сезоната со дебакл во Лигата на шампионите затоа што Баерн ги победи 8:2 и тоа е најдобриот показател дека на клубот му се потребни големи промени. Претседателот Јосеп Марија Бартомеу не сака да признае какви грешки ги прави од година во година, па Барса го загуби својот печат, а тоа е Ла Масија.

Колку е „изгубен“ Бартомеу најдобро покажува фактот дека најдобриот играч на светот, Лионел Меси сака да си замине. Аргентинецот го замоли клубот да го пушти, бидејќи е незадоволен од начинот на кој работи клубот, а пред се од потезите што ги прави Бартомеу.

Покрај Меси, претходно беше потврдено дека Роналд Куман им кажал на некои играчи дека можат да одат, а меѓу другите се и Суарез, Ракитиќ, Видал, Умтити …

L’Equipe денес објави интересна приказна, т.е. како може екипата на Барселона да изгледа без Меси и Суарез со топ 11. Интересно е тоа што во најдобрите 11 е и повратникот Кутињо кој ја мина една сезона на позајмица во Баерн.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com