Connect with us

Фудбал

Каков тим би бил во тоа време, Меси, па потоа Гвардиола можеле во Мадрид?!

Анхел Торес, претседател на фудбалскиот клуб Хетафе од Мадрид, во интервју за „Марка“ откри ретко позната ситуација. Како што вели тој, уште кога Меси бил на почетокот на кариерата, имал договор со претседателот на Барселона Жоан Лапорта за позајмица на Лионел Меси. Но, сето тоа пропаднало поради тоа што тогашниот тренер Френк Рајкард рекол не.

-Практично се беше договорено за тој да дојде во Хетафе на позајмица. На крајот, Рајкард не даде зелено светло, па трансферот остана пуста желба, изјави Торес.

Во 2008-ма година Пеп Гвардиола беше кандидат за тренер на Хетафе. Сепак, Барселона успеа да го донесе во своите редови иако во тоа време Шпанецот не беше докажан како тренерско име, но го водеше вториот тим на Кaталонците.