Connect with us

Фудбал

Како изгледала соблекувалната на Барса по дебаклот на „Енфилд Роуд“?

Фудбалерите на Барселона долго време нема да се опорават од шокот кој синоќа го доживеаја на „Енфилд Роуд“.

Каталонците доживеаја невиден срам. Загубија од Ливерпул со 4:0 и успеаја да испуштат огромни 3:0 од првиот натпревар.

По мечот на „Енфилд“ во таборот на Барселона владеел целосен молк. Новинарот на „Спорт“ Алберт Масноу со интересни зборови опиша како изгледало во соблекувалната на Каталонците.

„Во соблекувалната на Барселона беше како на погреб. Фудбалерите беа во тотален шок, не можеа да сфатат што се случи на Енфилд и како успеаја да направат толкав број грешки. Стручниот штаб се обиде да започне разговор со нив, но никој не беше заинтересиран. Никој со никого не зборуваше“, објави „Спорт“.

Од друга страна, по натпреварот Меси остана уште долго на „Енфилд“. Тој минал на стадионот дури два часа, а „Гардијан“ ја откри причината за тоа.

Одредено време Аргентинецот сам бил во соблекувалната. Плачел поради сето она што се случило таа вечер и според информациите на овој весник, тој не можел да се помири со поразот.