Connect with us

Фудбал

Како некогаш легендарниот Адријано: Халанд покажа каков „топ“ има во левата нога (ВИДЕО)

Норвешката репрезентација утре во Осло ќе игра квалификациски меч за СП против Гибралтар.

Јасно е дека Норвешка е голем фаворит на овој натпревар и се освен победата на домашниот тим би било големо изненадување.

Норвежаните имаат десет бода по пет натпревари и со победата би стигнале до самиот врв на табелата каде се Турција и Холандија.

Сигурно е дека главна sвезда на утрешниот натпревар ќе биде Ерлинг Халанд бидејќи ќе игра од првата минута против Гибралтар.

Норвежаните го одработија својот последен тренинг пред утрешниот натпревар денеска, а Халанд беше во центарот на вниманието.

Тој на тренинзите покажа колку силен удар има бидејќи постигна фантастичен гол, а со својот моќен удар потсети на легендарниот Адријан кој имаше и моќно левица.