Connect with us

Фудбал

Како Руд Ван Нистерлој го расплакал Кристијано Роналдо?

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, откри интересни детали за двајца негови поранешни соиграчи – Кристијано Роналдо и Руд ван Нистелрој.

Тројцата беа соиграчи во прериодот 2004-2006 година.

– Имаше приказна кога Руд го доведе до солзи Кристијано. Тоа се случи за време на тренинзите. Во тој момент таткото на Роналдо почина. Тие почнаа да се расправаат и тоа се случи во несоодветен момент. Слични работи се случуваат кога фудбалерите се силни по карактер. Сигурен сум дека Руд жали за некои работи. Кристијано едноставно беше животно. Не знам дали би можел да се нарече човек. Можеше да се забележи уште кога беше 18-19 години дека тој не е обичен човек, рече Французинот, цитиран од „FourFourTwo“.