Фудбал
Каков фудбал на „Камп Ноу“, шест голови, пресврти, Барселона се спасуваше (ВИДЕО)
Фантастичен меч одиграа Барселона и Интер на кој беа постигнати шест голови, на крајот конечниот резултат 3:3, кој повеќе му одговара на италијанскиот тим бидејќи во последните два меча против Викторија Плзен и Баерн Минхен им е потребна само една победа за пласман во осминафиналето.
Барселона имаше поголем посед на топка, но создаваше шанси, а истото беше на спротивната страна, каде „Нероаѕурите“ беа опасни постојано, особено во второто полувреме.
Барселона поведе со голот на Дембеле во 40-та минута. Во вториот дел тотално поинаква слика. Интер ја презеде иницијативата и постигна два гола. Најнапред Пике заборави на Барела кој се уфрли од втор план и погоди за 1:1 во 50-тата минута. Во 63-тата минута Лаутаро Мартинез погоди за пресврт и 1:2, со малку среќа бидејќи топката удри прво во едната, па во другата статива и заврши во мрежата.
По ова Интер имаше уште шанси, но не успеа да постигне гол, па следуваше повторно доминација на домаќините. Тоа вроди со плод во 82-та минута кога Левандовски погоди за 2:2.
Во 89-тата минута шок за домашните навивачи. По една контра, нововлезениот бек на Интер Госенс погоди за 2:3. Но, тоа не беше крајот. Барселона притисна и во 93-тата минута израмни преку Левандовски.
Сепак, меч топка за осминафинале на Интер уште вечерва пропушти Аслани кој излезе сам со голманот на Барса, Тер Штеген, но не успеа да погоди, иако на другата страна го имаше Мхтаријан слободен.
Сепак, ако се се собере вечерва ова е реален резултат, а љубителите на фудбалот уживаа во фантастичен меч кој го приредија двата тима.
Резултати, 4.коло.
Група А
Наполи – Ајакс 4:2
Ренџерс – Ливерпул 1:7
Табела: Наполи 12, Ливерпул 9, Ајакс 3, Ренџерс 0.
Група Б
Атлетико Мадрид – Бриж 0:0
Баер Леверкузен – Порто 0:3
Табела: Бриж 10, Порто 6, Атлетико Мадрид 4, Баер Леверкузен 3.
Група Ц
Барселона – Интер 3:3
Виктоија Плзен – Баерн Минхен 2:4
Табела: Баерн Минхен 12, Интер 7, Барселона 4, Викторија Плзен 0.
Група Д.
Спортинг – Марсеј 0:2
Тотенхем – Ајнтрахт 3:2
Табела: Тотенхем 7, Марсеј 6, Спортинг 6, Ајнтрахт 4.