Фудбал
Каков малер за Кутињо, ќе мора на операција, страдаше менискусот на левото колено, паузата ќе биде долга!
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо се здоби со сериозна повреда на средбата со Еибар во 16. коло од Ла Лига.
Прес-службата на каталонскиот клуб информира за оштетен страничниот менискус на левото колено на играчот. Во наредните денови, Кутињо ќе биде подложен на артроскопска операција.
Претходно се дозна дека доколку на Бразилецот му треба операција, може да пропушти и до 4 месеци.
Оваа сезона Кутињо одигра 14 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигна три гола и направи две асистенции.