Connect with us

Фудбал

Каков потег на Динамо Загреб, за дуелот со Баерн Минхен повика играч на кој му останале уште два месеци од животот!

Претставници на Динамо Загреб го повикаа својот поранешен голман Георг Кох, на кој му остануваат уште неколку месеци живот, на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Баерн. Кох бранеше за Динамо во сезоната 2007/08, а неодамна даде емотивно интервју во кое призна колку му е тешко да се бори со ракот на панкреасот.

“Има денови кога сум депресивен и мојата глава е празна, но има денови кога можев да рушам дрвја. Нема начин да го објаснам тоа. Не можам да кажам како ќе биде утре. Понекогаш навечер јас сум во добро расположение, а потоа наутро не можам да дишам“, изјави неодамна Кох за Спорт 1.

Да потсетиме, лекарите пред четири месеци му рекоа дека му останува само половина година живот, а Динамо летово го покани на прославата на титулата, сепак поради здравствената состојба не можеше да дојде во Загреб.

„Го повикавме на игра Осиек или Рудеш во последното коло со прославата на титулата, но интензивно се лекува, има терапија и неговата здравствена состојба варира од ден на ден, па не можеше“, велат од Динамо.

Но, и вечерва Кох нема да биде на „Алијанц Арена“, а причина е и моменталната ситуација.