SPORTM.mk
Каков татко, каков син: Има 15 години, „топ“ во ногата и неверојатни мускули! (ВИДЕО)
Адријано Леите Рибеиро важи за еден од најдобрите играчи на 21 век.
Популарниот Император навистина се истакна на теренот пред околу 15 години, но прераната смрт на татко му психолошки го погоди и на некој начин му ја заврши кариерата.
Адријано сениор веќе неколку години е пензиониран од фудбалот, но ако се знае денот по утрото, се чини дека светот ќе добие нов Император.
Имено, синот на Адријан пред неколку дена постигна феноменален гол кој потсетува на оние од времето кога Бразилецот ги тероризираше своите ривали во Европа.
Адријано Карваљо има 15 години и настапува за младинските селекции на клубот од Серено и со неодамнешниот хет-трик го привлече вниманието кон себе.
View this post on Instagram
На натпреварот против Сера Макаенсе, Карваљо влезе од клупата и успеа да постигне три гола, особено првиот од работ на шеснаесетникот.
Карваљо е практично копија на неговиот татко, сигурно она што паѓа во очи се неверојатно развиените мускули на нозете за неговата возраст.
View this post on Instagram
“Многу сум горд на мојот син. Господ да те благослови, само продолжи така. Те сакам”, му рекол поранешниот напаѓач на својот син.
Карваљо ги има сите предиспозиции да стане голем играч, а дали и тој ќе стане ќе покаже времето. Досега одлично му оди …