Connect with us

Фудбал

Каква доминација, Баерн Минхен против Германија 29:28!

Баерн Минхен со победата на гостувањето кај Вердер Бремен со 0:1 ја освои шампионската титула во Германија. Со ова стигна до 29-тиот трофеј од основањето на Бундеслигата, а 30-ти во клупската историја. Бундеслигата постои од 1963-та година, па со една титула освоена претходно, петкратниот европски првак стигна до импресивна броја од 29 шампионски наслови, наспроти 28 на сите останати клубови од Германија. Ова значи дека тимот од Минхен има една титула повеќе од сите други клубови заедно.  Ваква доминација нема во другите пет најсилни лиги во Европа. Секако соодносот 29:28 се смета само откако е формирана Бундеслигата.