Поврзи се со нас

Фудбал

Каква изјава на поранешен агент на Гризман: Меси е рак на Барселона, овој тим е болен тим!

Во моментите кога во Барселона не е се како што треба, дополнителен немир и проблеми внесе агентот на Антоан Гризман, Ерик Олхатс. Тој во интервју за „Франс фудбал“ го нарече Меси „рак на Барселона“, а за самиот клуб вели дека е болен тим.

-Класичен Меси. Колку и да е добар на теренот, толку е и лош надвор од него. Барселона веќе некое време пати поради него. Тој е рак на клубот, вели агентот, притоа додава:

-Барселомна е „болна“ (луда), а не тој. Претходната година кога Антоан потпиша за клубот, Меси не разговараше со него, не сакаше ни да му подаде топка. Го трауматизираше. Тоа остави трага на Антоан. Истото се гледа и кога зборувате со него, порача Олхатс.

Засега нема реакција, ниту од Гризман, ниту од Меси, а ниту од Барселона. Но, секако дека ова не е ништо ново, медиумите постојано пишуваа за ова, особено за односот Гризман-Меси. Но, сега за прв пат доаѓа од менаџер на еден од фудбалерите.

 

loading...

Facebook