Connect with us

Фудбал

Каква изјава на Роналдо на четири дена пред гостувањето во Рим, ги „запали“ навивачите на Рома

На 12 јануари, или поточно во недела, Јувентус и гостува на Рома, во колото на дерби мечеви во Серие А. Ден претходно се играат мечевите Лацио –Наполи и Интер Аталанта, сите екипи од врвот на табелата.

Најдобриот фудбалер на „Старата дама“ Кристијано Роналдо даде изјава со која сигурно ќе ги „запали“ навивачите на Рома.

„Додека беше 6-0 за нас ме молеа да престанам да давам голови и да не дриблам по теренот. Имаше и играчи од Рома кои велеа дека ќе ме повредат. Затоа во Рома нема ниеден фудбалер со кого би заменил дрес“, изјави Роналдо.

Ова се однесува на мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Рома одигран во 2007 година во рамките од Лигата на шампионите. Тогаш „Црвените ѓаволи“ славеа со 7:1.

Роналдо на тој меч постигна два гола. На првиот меч во Рим, Јунајтед загуби со 2:1, но на „Олд Трафорд“ следуваше вистински потоп.