Фудбал
Каква вечер за Адеми и Ристовски, со нивниот Динамо го совладаа големиот Челзи во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Хрватскиот тим Динамо Загреб имаше фантастична вечер. Во премиерниот меч од групната фаза од Лигата на шампионите го совладаа големиот Челзи. Орсиќ во 13-та го постигна единствениот гол на мечот за голема победа на Динамо по една сјајна контра откао претрча половина терен.
До крајот на мечот Челзи напаѓаше доста, но одбраната и голот на домаќините издржаа. Имаше Динамо уште една добра шанса за 2:0, но голманот Кепа во овој случај ги спаси.
Македонските репрезентативци Стефан Ристовски играше цел меч, додека Адеми беше на теренот до 88-ма минута.
На 14-ти септември Динамо гостува на Милан, додека Челзи на домашен терен игра против Салцбуг.