Connect with us

Фудбал

Каква вест, Роналдињо и Ривалдо повторно заедно во дресот на Бразил

Спектаклот ќе се одигра од 23-ти до 29-ти март во Бразил, кога ќе биде одржано СП во фудбал. Но, не она под покровителство на ФИФА, туку поинакво натпреварување, туку во мал фудбал.

Мечевите ќе се играат на терени со дименции 30х42 метри, екипите ќе имаат пет играчи плус голман, а ќе се игра 2х20 минути.

На ова првенство ќе учествуваат Аргентина, Германија, Тунис, Италија, Хрватска, Мексико, Франција, Кувајт, Боловија, Чиле, Канада и Бразил.

Во дресот на Бразил според најавите ќе се најдат Роналдињо и Ривалдо, тандем кој не така одамна ги воодушевуваше фудбалските фанови на големите терени ширум светот.