Фудбал
Кал што никогаш нема да се измие: Жерар Пике покажа каков човек е
За Жерар Пике оваа година се пишуваше и зборуваше повеќе поради раскинувањето со Шакира отколку поради фудбалските настапи.
Овој славен пар во јуни стави крај на 12-годишната врска во која добија две деца Милан и Саша.
Да потсетиме, после се Шакира денеска првпат јавно проговори, а нејзината изјава ја пренесе шпанскиот Мундо Депортиво.
„Џерард е фудбалер и сака да игра фудбал и да освојува трофеи. Морав да бидам со него. Еден од нас мораше да се жртвува. Еден од нас мораше да се потруди, а јас бев таа. Ја ставив мојата кариера во втор план и дојдов во Шпанија да го поддржи да ја продолжи фудбалската кариера и да освојува трофеи.Тоа беше доказ за љубовта“, рече меѓу другото пејачката.
Ако го погледнеме само овој дел од изјавата на Шакира, јасно е дека Пике испадна нечовечки кон неа и го фрли во вода сето она што Колумбиката направи за него и жртвуваше за врската со него.
На крајот на краиштата, тој решил да и се „заблагодари“ со тоа што ја изневерил со 23-годишната шпанска студентка Клара Чија Марти.
Ништо подобра од него не испадна ниту Клара, која јавно танцуваше на хитот на Шакира и на тој начин, очигледно, се обиде да му нанесе удар на колумбиската уметничка.
La novia de Piqué bailó una canción de Shakira y desata escándalo en redes
Clara Chia Martí apareció en un video en Instagram moviendo las caderas al ritmo de "Te Felicito". pic.twitter.com/CBb4u3dDJE
— ITR Oficial (@ITROriginal) August 24, 2022