Connect with us

Фудбал

Каљари го отпушти тренерот Растели

Масимо Растели повеќе не е тренер на Каљари, откако италијанскиот фудбалски клуб одлучи да му врачи отказ поради слаби резултати.

Тимот од Сардинија е во серија од четири порази, по што Растели е првиот отпуштен тренер во Серија А оваа сезона.

– Благодарност до Растели за неговата досегашна работа во Каљари. Во иднина му посакуваме успех во тренерската кариера, соопшти калчолигашот.

Италијанските медиуми како главни кандидати за наследници на Растели наклупата на Каљари ги спомнуваат Масимо Одо и Бепе Јакини.