Connect with us

Фудбал

„Камп Ноу“ неосвоива тврдина, Интер пред 50 години последен пат постигнал гол

По возбудливите мечеви од Групите А, Б, Ц и Д, на кои беа постигнати многу голови и кои донесоа интересни резултати, вечерва продолжуваат мечевите од второто коло во Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х.

Дуелот кој привлекува најмногу внимание и кој е означен како дерби е оној помеѓу Барселона и Интер. Иако тренерот на Барса Валверде очекува лекарскиот тим да го оспособи Лионел Меси за настап, сепак последните информации од Каталонија се дека Меси е под знак прашалник, иако и тој и Дембеле се најдоа на списокот за вечерашниот дуел го одработија последниот тренинг со тимот.

Од друга страна, пак, Антонио Конте соопшти дека Ромелу Лукаку останал во Милано поради болки во мускулот, а тоа значи дека напаѓачкото дуо вечерва треба да го сочинуваат Алексис Санчез-Лутаро Мартинез.

Без разлика што Интер е во одлична победничка серија во домашното првенство(6 победи од 6 меча) и без разлика што Каталонците играат променливо, сепак Барселона е фаворит на вечерашниот меч. Статистиката и историјата се во полза на избраниците на тренерот Валверде. Поминаа речиси 50 години откако Интер последен пат постигнал гол на „Камп Ноу“. Последен пат тоа се случило во 1970 година кога ја совладаа Барселона со 1:2. Од тогаш, сите гостувања завршувале со пораз и тоа без постигнат гол.

Она што е важно за неутралните љубители на фудбалот е тоа дека се очекува добар фудбал, со оглед на тоа дека ниту еден тим не смее да си дозволи пораз, бидејќи борбата за пласман во следната рунда ќе биде потешка.

Натпреварот се игра со почеток во 21:00 часот, а главен судија ќе биде одличниот Словенец, Дамир Скомина.

Во терминот од 18:55 од истата Група Ф се среќаваат Славија Прага и Борусија Дортмунд.

БАРСЕЛОНА:

Под знак прашалник: Умтити, Алба, Меси, Дембеле (повреди)

ИНТЕР:

Нема да играат: Лукаку (повреда на мускулот)

ПОСЛЕДНИ ПЕТ МЕЃУСЕБНИ ПРЕСМЕТКИ:

Интер – Барселона 1:1

Барселона – Интер 2:0

Барселона – Интер 1:0

Интер – Барселона 3:1

Барселона – Интер 2:0

Форма на Барселона последни 5 меча:

ЛАЛ Барселона – Валенсија 5:2

ЛШ-Борусија Дортмунд – Барселона 0:0

ЛАЛ-Гранада – Барселона 2:0

ЛАЛ-Барселона – Виљареал 2:1

ЛАЛ-Хетафе – Барселона 0:2

Форма на Интер последни пет меча:

СЕА-Интер – Удинезе 1:0

ЛШ-Интер – Славија Прага 1:1

СЕА-Милан – Интер 0:2

СЕА-Интер – Лацио 1:0

СЕА-Сампдорија – Интер 1:3

Парови ЛШ, 2.коло Групи Е, Ф, Г и Х

ГРУПА Е:

18:55 ч. Генк – Наполи

21:00 ч. Ливерпул – Салцбург

Табела: Салцбург 3, Наполи 3, Ливерпул 0, Генк 0

ГРУПА Ф:

18:55 ч. Славија Прага – Борусија Дортмунд

21:00 ч. Барселона – Интер

Табела: Славија Прага 1, Интер 1, Барселона 1, Борусија Дортмунд 1

ГРУПА Г:

21:00 ч. Зенит – Бенфика

21:00 ч. Лајпциг – Лион

Табела: Лајпциг 3, Зенит 1, Лион 1, Бенфика 0

ГРУПА Х:

21:00ч . Валенсија – Ајакс

21:00ч. Лил – Челзи

Табела: Ајакс 3, Валенсија 3, Челзи 0, Лил 0