Connect with us

Фудбал

Канаваро се врати во италијанскиот фудбал, сега како тренер

Фабио Канаваро е новиот тренер на италијанскиот второлигаш Беневенто.

Канаваро реши да се врати во Европа и сега соработката е официјална.

За тоа се зборуваше со денови, а двете страни синоќа посегнаа договор.

Тој е без работа од минатата година кога го напушти кинескиот Гуангжу со кој раководеше двапати.

Тој почна да се занимава со оваа работа пред две години, а работеше и во ОАЕ и како селектор на кинеската репрезентација.

На почетокот на оваа година тој најави дека сака да се врати во Европа и да започне нови предизвици.

Неговиот нов тим се наоѓаат на 13. место во Серија Б и имаат лош почеток на сезоната.

„Почнав да работам како тренер, сонувајќи дека еден ден ќе тренирам голем тим како Реал Мадрид“, изјави неодамна Канаваро, а потоа додаде:

„Треба да сонувате големи работи, затоа сонувам за Реал Мадрид, за италијанската репрезентација или за некој друг голем клуб во Европа“.

Фабио Канаваро, добитникот на Златната топка, во својата богата играчка кариера играше за Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Ал Ахли и Бенгал Таскерс. За италијанската репрезентација настапи 136 пати.

Тој е многу почитуван во својата земја, па нема сомнеж дека така ќе биде и сега.